- Шведскиот Кристијанштад потпиша договор на две години со 31-годишниот Норвежанец Бесард Хакај, кој настапува на пивотменската позиција, а во Шведска доаѓа од данскиот Рибе Есбјерг.
- Руската репрезентативка Олга Горшенина, која игра за ЦСКА Москва и може да настапува на сите бековски позиции, од наредната сезона ќе ги брани боите на романската Валчеа.
- Валчеа и ЧСМ Букурешт добиваат сериозен конкурент во домашното првенство. Рапид Букурешт ги ангажираше трите шпански репрезентативки Ајноа Ернандес, Марта Лопес и Алисија Фернандес, како и двете романски репрезентативки Дениса Деду и Габриела Периану од ЧСМ. Доаѓа и анголската репрезентативка Азенаиде Карлуш од Подравка.
- Мартин Поповски во Амичитија Цирих следната сезона ќе има уште еден соиграч од Кадетен покрај Габор Часар. Тоа е 19-годишниот Мехди Бен Родман.
- Романската Дунареа Браила, каде што игра македонската репрезентативка Јована Саздовска, од следната сезона ќе има нов тренер, а тоа е Данецот Мортен Субак. Тој како селектор на Бразил стана светски првак во 2013 година, а следната недела се очекува да бидат потврдени трансферите на Мајса Песоа, Самара Да Силва и Ана Паула Родригес во романскиот клуб.
- Српскиот репрезентативен десен бек Милош Орбовиќ на крајот на сезоната си заминува од украинскиот првак Мотор Запорожје и се сели во швајцарскиот Криенс Луцерн со кој потпиша договор на две сезони. Претходно Орбовиќ настапуваше за Војводина, Политехника Темишвар и шпанска Бидасоа. На негово место во Мотор доаѓа Лука Шебетиќ.
- Бундеслигашот Кобург го раскина договорот со иранскиот репрезентативен плејмејкер Пуја Нурузинеџад, иако беше активен до крајот на следната сезона.
- Данскиот Алборг го продолжи договорот со левото крило Бустер Јул Ласен. 28-годишниот ракометар се обврза на едногодишна верност.
- Бразилската репрезентативка Мариана Коста, која сега игра за романската Глорија Бистрица, во новата сезона ќе ги брани боите на унгарскиот Дебрецен. Договорот со десното крило е потпишан на една сезона.
- Бундеслигашот Хановер го продолжи договорот со Винсент Бјухнер. Левото крило се обврза на верност до 2023 година, а досега оваа сезона 22-годишниот ракометар даде 49 погодоци.
- Францускиот Брест Бретањ ја продолжи соработката со полската репрезентативка Моника Кобилинска. Десниот бек се обврза на нова двегодишна верност кон Брест.
- Шпанскиот Адемар Леон ги продолжи договорите со Хаиме Фернандес и Адриан Каскеиро. Фернандес потпиша на една сезона, додека Каскеиро на три сезони.
- Босанскиот репрезентативен десен бек Дејан Малиновиќ, го продолжи договорот со унгарскиот Балатонфуреди. Тој се обврза на двегодишна верност, откако лани дојде од романската Констанца.




