По Вјачелсав Бокан, тимот на СКА Минск, ги засили своите редови со средниот бек Борис Пуховски. 35-годишниот плејмејкер ќе биде позајмен од Мотор Запорожје до крајот на оваа сезона. Ова е трето враќање на Пуховски во матичниот клуб, откако претходно играше за Динамо Минск и Чурго.
23-годишната голманка на Локомотива Загреб и на хрватската репрезентација, Луција Бешен, од лето ќе биде дел од тимот на Подравка, со кој потпиша договор на две сезони.
Кружниот напаѓач на Мотор Запорожје и на руската репрезентација, Денис Василев, до крајот на сезоната ќе биде дел од рускиот Динамо Астрахан.
Некогашната ракометарка на Мец и на националниот тим на Франција, Манон Ует, заминува од Бур Де Пеж и од лето ќе настапува за амбициозниот Шамбре Турен, за кој претходно потпишаа и Надја Офендал, Лаура Ван Дер Хејден, Мелвин Деба…
Десниот бек на Мотор Запорожје и Украина, Владислав Донцов, до крајот на сезоната ќе настапува за полскиот тим Азоти Пулави. 26-годишниот Донцов скоро цела кариера ја мина во Мотор, со исклучок на една сезона во белорускиот СКА Минск.
Црногорската репрезентативка Татјана Брновиќ, која од Будуќност требаше да замине во Ростов Дон, остатокот од сезоната ќе го мине на позајмица во словенечкиот Крим, а договорот со рускиот тим останува на сила од лето.
Полската Висла Плоцк ги продолжи договорите со левото крило Миколај Чаплински и со десното крило Кшиштоф Комаржевски. Десното крило треба да остане до 2024 година, а левото до 2026, но следната сезона ќе ја мине на позајмица во шпанскиот тим Торелавега.
Соиграчот на Тоше Ончев и Милан Лазаревски во словенечкиот Тримо Требње, голманот Алјоша Чудиќ, ја продолжи соработката до 2024 година. Чудиќ претходно бранеше за Спортинг, Целје, ПСЖ, Марибор…
Левиот бек Филип Ахуансу, ја продолжи соработката со германскиот Рајн Некар Левен и се обврза да остане во бундеслигашот до 2025 година.
Десното крило на чешката репрезентација Јана Кнедликова, го продолжи договорот со норвешкиот првак Кристијансанд на уште две сезони. 32-годишната ракометарка таму е веќе две сезони, а претходно играше за Славија Прага, Мошонмаѓаровар и Ѓер.
Десниот бек на Крим и на Холандија, Харма Ван Креј, на лето заминува од Крим по три сезони и ќе се врати во Германија каде што ќе ги брани боите на Борусија Дортмуд. Холанѓанката потпиша договор на две сезони.
Средниот бек на Мотор Запорожје и Литванија, Аиденас Малашинскас, беше промовиран во тимот на Адемар Леон чии бои ќе ги брани до крајот на сезоната како позајмен играч. Ова е враќање за плејмејкерот во Шпанија, каде играше за Ла Риоха, Гранољерс и Сагунто.
34-годишниот голман на Ним и на Словачка, Теодор Пол, од лето се сели во тимот на Тулуз, каде што ќе го замени екс вардарецот Робен Кантегрел.