Левиот бек на Адемар Леон, Леандро Семедо, на крајот од сезоната најверојатно ќе ја напушти Шпанија и ќе се пресели во португалскиот тим Бенфика. Тој има несогласувања до тренерот Каденас и поради тоа заминува од клубот.
Некогашниот десен бек на Охрид, Лазар Адамовиќ, потпиша договор со српската Дубочица Лесковац и се врати во татковината по настапите во Шпанија, Грција, Израел и Чешка. Последен негов тим беше чешкиот Копривице.
Швајцарскиот Кадетен Шафхаузен објави дека ги пополни своите редови со двајца ракометари. Станува збор за словенечкиот пикер од Лимож, Игор Жабиќ, и за исландското десно крило од Гумерсбах, Один Тор Рикардсон. Двајцата потпишаа договори до 2025 година.
Полската легенда Бартош Јурецки останува тренер на Пјотрковија и во следните две сезони, односно до 2024 година, откако беше потпишана нова соработка со раководството на шестопласираниот тим во полскиот шампионат.
Данскиот кружен напаѓач Ларс Моусинг, заминува од францускиот Шабмери и од следното лето ќе ги брани боите на Скандерборг, со кој потпиша договор на две сезони. Моусинг претходно играше за Нордсјеланд, Холстебро и Рибе Есбјерг.
Некогашната ракометарка на Вардар, Сираба Дембеле Павловиќ, го продолжи договорот со романскиот првак ЧСМ Букурешт за уште една сезона. 35-годишното лево крило претходно беше дел од Мерињак, Тулон, Ростов Дон, Рандерс и Иси Ле Мулино.