Српската репрезентативка Тамара Радојевиќ потпиша договор на една година со унгарскиот тим Кишварда. Таа пред паузата поради бременост беше дел од овој тим, а оваа сезона ја игра во Бекешчаба.
Данскиот Алборг додаде уште една ѕвезда во тимот. Шведскиот репрезентативец Јеспер Нилсен, кој во моментов е член на бундеслигашот Рајн Некар Левен, потпиша договор на три сезони со Алборг.
Црногороскиот репрезентативец Милош Божовиќ, во моментов играч на Татабања, кариерата од лето ќе ја продолжи во францускиот Иври. Покрај Божовиќ, во Иври доаѓаат десното крило Вукашин Воркапиќ од Металопластика, како и десниот бек од Тунис, Ваел Шати.
Германскиот интернационалец Мануел Шпат, кој игра за португалскиот првак Порто, е на добар пат да се врати во татковината. Пикерот е многу блиску до договор со Хамбург, кој би требало да се врати во Бундес лигата следната сезона.
По Лариса Калаус, Бјанка Базалиу, Бојана Милиќ и Дијана Илина, тимот на Подравка се засили со уште две ракометарки. Станува збор за кружните напаѓачи Ирина Стелмах од руската Астраханочка и Сара Шенвалд од германскиот Некарсулмер.
Бундеслигашот Хановер во идната сезона нема да смета на шведскиот репрезентативец Алфред Јонсон, кој потврди дека ќе си замине од тимот каде што игра Македонецот Филип Кузмановски.