Почина Алфредо Кинтана!

Голманот на Порто и португалската репрезентација Алфредо Кинтана починал денеска во претпладневните часови во клиниката Сао Жоао.

Неговиот клуб Порто денес објави дека докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат Кинтана, кој во понеделникот на тренинг имаше срцев удар.

Кинтана почина на 32-годишна возраст, а му беше клупски соиграч на македонскиот репрезентативец Никола Митревски.

Роден во Куба, за португалската репрезентација настапуваше од 2014 година, одигра 56 натпревари и постигна 7 погодоци. Важеше за еден од најквалитетните голмани во елитното ракометно натпреварување-Лигата на шампионите.