Томовски го држеше Вардар во игра за победа во Елверум, на крајот спаси бод

Екипата на Вардар се враќа од гостувањето во Норвешка со еден бод од првиот натпревар во новата сезона откако денеска одигра нерешено со 27:27. Мартин Томовски беше играчот кој покажа дека е одлично засилување и со 15 одбрани помогна да се освои овој бод иако неговата игра беше клучна за Вардар постојано да биде во игра и за победа.

Од почетокот на средбата тргна надигрувањето на ракометарите на Вардар и Елверум. Домашните отворија со подобра одбрана, расположен голман и 2:0. Сепак, и Вардар имаше што да покаже бидејќи Томовски врати со интервенции и израмни на 2:2.

Оттука тргна најавата за интересен натпревар во кој нијанси ќе решаваат. Вардарци полека ја преземаа иницијативата. Вујовиќ ја бараше поставата и се чини дека после исклучувањето на Моралес и влагањето на игра на Кевин Њокас дојде до спојување на коцките и резултат кој даваше гаранција за интересно продолжение на средбата.

Вардарци почнаа го преземаат водството и извесно време беа на плус два. Во 22. минута дојдоа до 11:8, а веднаш потоа и до 12:8. Овие четири гола даваа надеж за убаво продолжение на средбата, но се чини дека играњето со 7 на 6 придонесе за Вардар да влезе во период на мала криза и грешки при што домаќинот успеа да казни, па на одмор се замина со 13:13.

Вториот период почна одново со криза. Елверум набрзина стигна до 16:13, а првиот гол за Вардар одново беше после пет минути игра. Десетина минути се бараше приклучок, па во 41. минута се обезбеди нерешен резултат и 18:18. Тука средбата влезе во игра гол за гол и постојано следуваше гол како одговор на погодоците на некој од тимовите. Имаше и неколку минути во кои се менуваа во водство.

Одбраната беше клучот и секоја топка беше максимално важна. Мораше да се одигра силно и квалитетно. И двете екипи одново имаа грешки во завршницата, па беше јасно дека ќе решава една топка.

На околу 40 секунди до крајот Вардар доби можност за напад за победа при 27:27, но Гаџа реши да оди на финта и шут од шест метри. Сепак, биеше покрај голот, а за домашните остана време за напад. Во последниот напад и Елверум не успеа откако Томовски го одбрани последниот удар за конечни 27:27.

27 - 27
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕЛВЕРУМ1327Реми
ВАРДАР 19611327Реми

ЕЛВЕРУМ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Јосип Видовиќцентрален бек00
4Кристофер Хедбергдесно крило00
5Кристијан Хуберт Ларсенпивот00
6Стиг Торе Моен Нилсендесен бек00
7Каспер Торстен Лиендесно крило01
9Симен Холанд Петерсенлев бек03
12Емил Кери Имсгардголман00
14Јохан Никлас Фингренлев бек00
15Тобијас Грондалцентрален бек05
16Торстен Фрисголман00
17Ори Фреј Поркелсонлево крило00
20Ендре Лангаспивот00
23Доминик Матедесен бек16
24Ерик Јохансонлев бек03
33Синдре Хелдаллево крило06
44Томас Солстадпивот03
 Вкупно 127

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Стојанче Стоиловпивот01
6Оливие Њокаслев бек03
7Патрик Валчакпивот11
8Јоел Куни Моралесдесен бек15
9Гоце Георгиевскидесно крило01
10Кевин Њокасдесен бек03
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек10
14Јан Чуваралево крило00
22Жереми Тотопивот16
24Анте Гаџацентрален бек04
28Филип Талескилев бек00
31Тимур Дибировлево крило03
45Дарко Ѓукиќдесно крило00
94Али Сафарголман00
97Марко Мишевскилев бек00
 Вкупно 427

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛБОРГ11002
2КИЛ11002
3ВАРДАР 196110101
4ЕЛВЕРУМ10101
5МОНПЕЛЈЕ10101
6ПИК СЕГЕД10101
7МЕШКОВ10010
8ППД ЗАГРЕБ10010