Тешка победа на Веспрем, „двојка“ на Манасков

Ракометарите на Веспрем во претстојниот период кога нема европски натпревари можат повеќе да се посветат на домашното првенство. Во 18. коло Дејан Манасков и Веспрем беа на гостување кај Балатонфуреди и со многу мака победија со 33:30.

Балатонфуреди се покажа како достоен противник и во поголемиот дел од натпреварот беше рамноправен. По првите 30. минути резултатот беше нерешен 15:15. Веспрем успеа да ги го скрши отпорот на противникот во последните 15 минути кога направи разлика од пет гола и освои нови бодови.

Дејан Манасков настапи на натпреварот и за времето поминато на теренот успеа два пати да ја погоди противничката мрежа. Најефикасен во победничкиот тим беше Петар Ненадиќ со шест гола, а Борозан постигна пет. За екипата на Балатонфуреди, Петар Топиќ беше најрасположен со 11 гола.