СТРУГА 2020: Драмата покрај езерото за Охрид, Бутел ќе чека нова шанса (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Охрид ги освоија првите бодови на Струшкиот турнир откако славеа во неизвесен натпревар кој беше решен во самиот финиш против тимот на Бутел Скопје со 24-25.

Во последните пет минути се влезе со реми, 23-23, пред охриѓани со два гола преку Чагаљ и Ивановски да ги казнат двете грешки на бутелци, а до крајот само Ѓоргиевски го постави конечниот резултат.

Тот и Блажески дадоа по пет голови за охриѓани, додека Печенковски даде исто толку за Бутел Скопје.

Охриѓани утре ќе се сретнат со европскиот првак Вардар, додека Бутел ќе игра со Еурофарм Пелистер 2.

  • struga2020butelohridgalerija-9
  • struga2020butelohridgalerija-8
  • struga2020butelohridgalerija-7
  • struga2020butelohridgalerija-6
  • struga2020butelohridgalerija-5
  • struga2020butelohridgalerija-4
  • struga2020butelohridgalerija-3
  • struga2020butelohridgalerija-2
  • struga2020butelohridgalerija
  • struga2020den1-7
  • struga2020den1-6
  • struga2020den1-5
  • struga2020den1-4
  • struga2020den1-3
  • struga2020den1-2
  • struga2020den1