Кузманоски ги одреди 18 патници на ЕП – македонската експедиција замина за Белград

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, ги одреди 18 патници на Европското првенство во Србија.

Македонската експедиција замина денеска за Белград, каде од утре ќе се одржи континенталниот собир.

Од списокот со 21 ракометар кои беа дел од подготовките, поради повреди отпаднаа Димитар Симовски и Ангел Кленкоски, а во комбинација за ЕП не е ниту пионерот Лео Андовски.

Кузманоски ќе смета на тројца голмани, тројца кружни напаѓачи, по две леви и десни крила, а сите останати се бекови.

Македонија утре од 12:00 часот игра против Словенија, додека во групата се уште Шведска и Франција.

Состав на Македонија: Николовски, Трсунов Ат., Фехми, Симоновски Т., Ѓоргиески, Јовиќ, Георгиев, Вујичевски, Симоновски Ј., Лешникоски, Николоски, Дамчевски, Трсунов Ар., Ѓоргиевски, Угреновиќ, Поповски, Ѓорчески, Костов.   

 

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________