Екипата на Струга може да добие уште едно засилување и да ја пополни позицијата десен бек, која е проблематична. Изборот е паднат на Жарко Барјактаревиќ, кој е пред потпис со овој тим.
Интернационалецот од Србија беше во плановите на Прилеп, но поради пополнета квота на ракометари надвор од Македонија не беше во можност да ја добие потребната минутажа. Сепак, по сè изгледа останува во Македонија и ќе продолжи да игра во Супер лигата.
Во Струга сигурно ќе добие и минутажа каква посакува бидејќи ќе покрие позиција каде што недостигаше класичен десен бек и со него стружани ќе бидат уште понезгоден противник за секој од тимовите.
Барјактаревиќ минатата сезона играше за тимот на Јуниор Кисела вода и беше еден од подобрите во екипата. Сепак, се одлучи за нова средина после завршувањето на ланскиот шампионат бидејќи сакаше да продолжи со настапи во Супер лигата.