Српското дуо останува во Кавадарци – Симиќ и Стефановиќ продолжуваат со Тиквеш!

Плејмејкерот Страхиња Симиќ и пикерот Никола Стефановиќ, најверојатно и следната сезона ќе го носат дресот на Тиквеш од Кавадарци.

Симиќ ја игра втората сезона во кавадаречкиот клуб и е најдобар стрелец во суперлигашкото друштво, додека Стефановиќ дојде лани, но и тој остави одличен впечаток и ќе го продолжи престојот во Кавадарци.

Организаторот на играта претходно играше за српскиот Раднички Крагујевац, а најголем дел од кариерата го мина во Шпанија, каде настапуваше за Октавио, Кањас и Виља де Аранда.

Стефановиќ, пред да дојде во Тиквеш настапуваше исто така за Раднички Крагујевац, а има и искуство во шведскиот Лунд.

Кавадаречкиот тим се бори за четвртото место кое води во Лигата на Европа. Главен конкурент е Еурофарм Пелистер 2. Тиквеш игра дома со Охрид и на гости кај Вардар, додека битолчани ќе се соочат со првиот тим и со Охрид на гостински терен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД00003
2ВАРДАР 196100003
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР00002
4ОХРИД00002
5БУТЕЛ00001
6ТИКВЕШ 201400001
7ПРОЛЕТ00000
8СТРУГА00000