Среќен роденден Александар!

Играчот кој повеќе од една деценија беше носител на играта на Прилеп, Александар Бозароски денеска слави роденден. Тој не настапува веќе за прилепчани, но дефинитивно неговата игра беше важна за тимот од овој град. Александар денеска полни 37 години.

Роденден слави и Роман Кашпар од Швајцарија. Тој е играч на Варкер Тун, а денеска ќе наполни 33 години.

И Норвежанката која игра за Ларвик, Матилде Ривас Тофт е на овој список, а таа ќе го прослави 22 роденден.

Шарис Роземален од Холандија, која игра за тимот на Битигхајм исто така има роденден, а полни 28 години.

Среќен роденден Александар, Роман, Матилде и Шарис!