СП младинки: Познати се полуфиналните двојки

Денеска се одиграа сите натпревари од четвртфиналето на Светското младинско првенство за ракометарки до 20 години, кое се одржува во Словенија.

Пласман во полуфиналето обезбедија репрезентациите на Холандија, Норвешка, Унгарија и Шведска. Сите репрезентации билетот за полуфиналето го обезбедија многу лесно.

Холандија славеше со осум гола разлика против Ангола, 29:21 (17:9). Ракометарките на Холандија за противник во првото полуфинале ќе ја имаат репрезентацијата на Норвешка, која во четвртфиналниот дуел против Швајцарија немаше многу проблеми, триумфираше со 17 гола разлика, 37:20 (15:9).

Унгарија со пресврт во второто полувреме ја совлада Данска, 31:26. Иако Данска водеше по 30 минути игра со 11:12, сепак, Унгарија во вториот дел покажа подобра игра и заслужено обезбеди пласман во полуфиналето.

Противник на Унгарија во второто полуфинале на младинскиот Мундијал ќе и биде репрезентацијата на Шведска, откако ја мина Германија со убедлив триумф од 36:24 (11:21).