Екипата на Спартак за новата сезона доби нова ракометарка, која настапува во бековската линија и која доаѓа од ЖРК Вардар. Се работи за 18 годишната Ана Марија Коларовска која веќе потпиша за тимот кој игра во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
Коларовска игра на позицијата среден бек и настапува за младата репрезентација на Македонија. Таа потпиша двегодишен договор со тимот на Спартак, а веќе беше објавен старт на соработката.
Со ова Спартак полека се екипира за новата сезона така што може да се очекува поамбициозно претствување во новиот шампионат.