Шведскиот голман Андреас Паличка беше меѓу клучните ракометари на „трите круни“ во походот кон шампионската титула.
Шампионите се вратија во татковината, но немаше некој спектакуларен пречек во Гетеборг и на аеродром беа малку навивачи и дел од семејствата.
Во центарот на вниманието беше синот на Паличка, Астон. На прашањето колку е добар неговиот татко и какво е чувството да донесе дома златен медал, Астон имаше интересни одговори.
„Тој е најдобар голманот во светот, односно втор најдобар. Подобар е Ландин. Чудно е чувството да донесе златен медал, досега беше само сребро или бронза“, вели Астон.
Шведска по 20 години се искачи на европскиот трон, откако славеше во финалето против Шпанија со 27-26.
Sågningarna här från Palickas son Aston pic.twitter.com/xz7vczgJPQ
— Milad Akbarzadeh (@milleakbarzadeh) January 31, 2022