Сорендо не се откажува од Барса: Колегите ќе ме гледаат најмалку десет пати годишно

Францускиот репрезентативец Седрик Сорендо по 11 години поминати во Барселона ќе се пресели во нов клуб. Искусниот ракометар од Франција од следната сезона ќе биде дел од романскиот првак Динамо Букурешт.

Во интервју за „Мундо Депортипо“ изјави дека иако неговата приказна со Барселона ќе има свој крај, сепак во Каталонија ќе биде чест гостин кај своите колеги од шпанскиот тим поради неговата сопруга која е Шпанка.

„Јас секогаш се шегувам. Им реков на моите колеги дека мојата приказна во Барселона ќе заврши, но јас секогаш ќе бидам со нив. Бидејќи мојата сопруга е Каталонка , ќе ме гледаат барем десет пати во текот на годината. До крајот на сезоната со Барселона имаме некои цели и би сакал да ја завршам кариерата во клубот најдобро што можам”, изјави Сорендо.

Французинот беше член на Анже, ПСЖ и Тулуз, пред да се пресели во Барселона. Со екипата на Барселона има освоено голем број на титули од европски и домашни натпреварувања.