Тимот на Турингер, каде што настапува македонската репрезентативка Јована Саздовска, оствари убедлива победа во осмото коло од Бундес лигата.
На домашен терен, Турингер го победи составот на Курфалц со 34-21, а победникот беше најавен уште во првиот дел кога домаќинките водеа со 17-12.
Саздовска погоди два пати од два обиди на овој натпревар, а во следното коло нејзиниот тим повторно ќе игра на домашен терен, овојпат против Бенсхајм.