Сабате не мрда од Плоцк, останува уште три сезони во полскиот вицепрвак

[addthis tool="addthis_inline_share_toolbox_tgn7"]

Тренерот на Висла Плоцк, искусниот Хавиер Сабате, ќе продолжи да работи со тимот до сезона 2025/26, објави официјалниот сајт на клубот од Полска.

Договорот на шпанскиот стручњак со Висла Плоцк беше до следното лето, односно до јуни, 2024 година, но во овој период беше одлучено тој да биде продолжен.

Тоа значи дека Хавиер Сабате ќе биде предводник на Висла Плоцк во следните три сезони.

Шпанецот во Висла Плоцк пристигна во текот на 2018 година и за тој период освои две титули во Купот на Полска, последната пред неколку дена, како и бронзен медал во Лига на Европа минатата сезона.

Сабате со своите избраници во оваа сезона направија историски успех на европска сцена и обезбедија пласман меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите.

Сепак, во четвртфиналето немаа многу среќа против Магдебург, на првиот дуел со бундеслигашот одиграа реми, 22:22, на реваншот беа минимално поразени со 30:28.