Велешанецот Борис Ристовски во новата натпреварувачка сезона ќе игра во Франција и ќе го носи дресот на нисколигашот РОК Авејрон.
23-годишниот ракометар веќе пристигна во Франција и во наредниот период ќе му се приклучи на неговиот нов тим.
Ристовски во вториот дел од минатата сезона настапуваше за прволигашот Металург РА.
Организаторот на играта во клубот од Автокоманда пристигна од Косово каде играше за Кастриоти и со кововскиот суперлигаш се натпреваруваше и во Европскиот Куп.
Средниот бек потекнува од Борец Велес, а во Македонија ги носеше дресовите и на Тиквеш и Вардар Неготино.
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.