Борис Ристовски се сели во Франција

Велешанецот Борис Ристовски повторно ќе игра надвор од Македонија, откако се договори на соработка со тимот на РОК Авејрон.

Станува збор за клуб од Франција кој игра во понизок ранг на натпреварување и за следната сезона има големи амбиции.

Oрганизаторот на играта Ристовски во вториот дел од минатата сезона настапуваше за првoлигашот Металург РА.

Тој во клубот од Автокоманда пристигна од Косово каде играше за Кастриоти и со кововскиот суперлигаш се натпреваруваше и во Европскиот Куп.

Сркедниот бек потекнува од Борец Велес, а во Македонија ги носеше дресовите и на Тиквеш и Вардар Неготино.