Ризоска и Корлевска не можеа сами, Гевгелија славеше против Феникс

Екипата на Гевгелија на гостувањето во Битола во натпревар од Женската лига беше подобра од Феникс со резултат 26:24.

Двете екипи на овој натпревар настапија со преполовен состав. Ракометарките на Феникс беа во водство до првата половина од првиот дел. При резултат 9:9, избраничките на Татјана Бојкова со серија од два гола стигнаа до водство од 11:9.

До крајот на првото полувреме, Петковска и Митревска беа предводнички во гостинската екипа која започна да го контролира резултатот. Составот на Гевгелија на полувреме замина со предност од три разлика, 15:12.

Гевгеличанки во второто полувреме продолжија со добрата игра на теренот. Водството од 15:12 беше зголемено на 16:12 со голот на Димова. Екипата на Феникс во 42. минута намали на минус два, 18:20 и ја врати својата надеж за останување во игра.

Сепак, големиот број на неискористени ситуации и одбраните на Наумоска беа причина за заостанување на Феникс од два до три гола негатива во текот на вторите 30. минути. На пет минути пред самиот крај, Гевгелија имаше водство од 23:21.

Гевгелија со долги напади искусно го трошеше времето. Точка на малата неизвесност стави поранешната репрезентативка на Македонија, Драгица Митрова која погоди од пенал за 24:21.

Најефикасна на натпреварот беше репрезентативката на Македонија, Емилијана Ризоска со десет гола. Нејзината колешка, Сандра Корлевска беше втор стрелец во битолската екипа со осум гола. Во составот на Гевгелија по осум гола постигнаа Михаела Митревска и Елена Димова.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080