Македонската ракометна јавност ја потресе веста за судбината на младиот хрватскиот интернационалец во составот на Бутел. Во четврток,7.4.2022 во раните утрински часови 27-годишниот Денис Тот бил донесен во Ургениот центар на комплексот клиники „Мајка тереза“, во бесознание и без срцева акција. За жал по 24 часа, Тот ја загуби најважната битка-својот живот.
Денис Тот, професионална играчка кариера ја започнал во Ѓаково во Хрватска. Настапувал за Пореч Бјеловар, Брик Австрија од каде заминува за Адемар Леон. Во 2019 година од Шпанија пристигнува во Охрид, а по две поминати сезони, од септември го замени клупскиот дрес на Охрид со оној на РК Бутел Скопје.
Според непотврдени и неофицијални информации до кои вчера дојде 24Ракомет, Тот бил пренесен во болница во бесознание откако имал физичка пресметка при која се здобил со сериозни повреди.
Денес Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение спротивно на неофицијалните информации, но и спротивно на извештаите во хрватските медиуми кои се фокусираат на наводна физичка пресметка во или пред скопскиот ноќен клуб „Привилиџ“ во која било вклучено и обезбедувањето на клубот.
Од МВР потврдија дека ракометарот бил донесен во болница во тешка општа состојба без срцева акција, но БЕЗ видливи траги на насилство.
СоопштениеМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста.
Повеќе од 24 часа од настанот беа потребни за министерството за внатрешни работи да излезе со соопштение за јавноста, за инцидентот со ракометарот на скопскиот клуб Бутел кој за жал ја загуби битката со живот на оделот за интензивна нега на скопската клиника „Мајка Тереза“.