Ракометарка на Вардар настапи на Европско тимско првенство во атлетика (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија во атлетика во минатите два дена настапи на Европското тимско првенство од 3. лига во Лимасол во Кипар, а финишираше на 10. позиција со вкупно 268 поени. На ова натпреварување настап имаше и ракометарка на Вардар, Михаела Лазарoвска.

Таа настапи во дисциплината скок во височина и го освои 8. место. Успеа да прескокне 160 сантиметри колку што имаа уште две натпреварувачки пред неа, но тие имаа подобра серија.

Лазарoвска скокна 150 сантиметри од првиот обид, а 160 од трет. На 165 сантиметри не успеа да прескокне. Ова беше доволно за девет поени за Македонија во оваа дисциплина.