Прочитана игра и катастрофално прво полувреме, Македонија губи со шест разлика против Австрија

После двете средби на кои во првото полувреме Македонија играше одлично имаше предност, на третиот дуел против Австрија во првите 30 минути беше прикажана лоша игра во која противникот има предност од шест гола и 12:18.

Почетокот на средбата беше со одбрана на Митревски, но и со рано исклучување на Стојанче Стоилов. За првиот гол се чекаше цели три минути, а противникот веќе направи предност. После пет минути резултатот беше 1:4, но потоа за само две минути беше обезбедено израмнување на 4:4.

Нападот не функционираше. Голманот на Австрија, Ајбергер за 12 минути игра имаше шест одбрани, а резултатот беше 4:6. Нападот со играч повеќе одново не беше на нивото кое е потребно, за среќа одбраната го поправаше она што се грешеше во напад.

Кузмановски отвори лошо во нападот, а потоа Танкоски влезе на негово место. Сепак, многу обиди да се проигра Стоилов не одеа најдобро и тоа влијаеше на резултатот. Австријците го имаа расположениот Билик, кој почна да солира и тоа му носеше резултат така што Австрија во 18. минута имаше и плус четири (10:6), а ова беше најава за лош епилог.

Веќе почна да паѓа и одбраната, па на теренот делуваше дека играта на Македонија е тотално прочитана. Лазаров беше отсечен, а другите бекови тоа никако не го користеа. Место тоа имаше грешка до грешка што го носеше мечот во тотален пропаст уште во првите 30 минути. Веќе во 26. минута резултатот беше 10:16 и тука беше сосема извесно дека шансите за нешто повеќе се намалуваат.

Голот на Македонија беше наполнет во првите 30 минути, а Австрија погодуваше и со двајца ракометари помалку. Можеше да биде и помалку од шест гола негатива, но на одмор се замина со 12:18.

  • mak-aut (2 of 2)
  • mak-aut (1 of 2)
  • mak-aut1 (1 of 6)
  • mak-aut1 (2 of 6)
  • mak-aut1 (3 of 6)
  • mak-aut1 (4 of 6)
  • mak-aut1 (5 of 6)
  • mak-aut1 (6 of 6)
  • mak-aut2 (1 of 3)
  • mak-aut2 (2 of 3)
  • mak-aut2 (3 of 3)
  • mak-aut4 (1 of 5)
  • mak-aut4 (2 of 5)
  • mak-aut4 (3 of 5)
  • mak-aut4 (4 of 5)
  • mak-aut4 (5 of 5)
  • mak-aut6 (1 of 9)
  • mak-aut6 (2 of 9)
  • mak-aut6 (3 of 9)
  • mak-aut6 (4 of 9)
  • mak-aut6 (5 of 9)
  • mak-aut6 (6 of 9)
  • mak-aut6 (7 of 9)
  • mak-aut6 (8 of 9)
  • mak-aut6 (9 of 9)
  • mak-aut7 (1 of 13)
  • mak-aut7 (2 of 13)
  • mak-aut7 (3 of 13)
  • mak-aut7 (4 of 13)
  • mak-aut7 (5 of 13)
  • mak-aut7 (6 of 13)
  • mak-aut7 (7 of 13)
  • mak-aut7 (8 of 13)
  • mak-aut7 (9 of 13)
  • mak-aut7 (10 of 13)
  • mak-aut7 (11 of 13)
  • mak-aut7 (12 of 13)
  • mak-aut7 (13 of 13)
  • mak-aut8 (1 of 11)
  • mak-aut8 (2 of 11)
  • mak-aut8 (3 of 11)
  • mak-aut8 (4 of 11)
  • mak-aut8 (5 of 11)
  • mak-aut8 (6 of 11)
  • mak-aut8 (7 of 11)
  • mak-aut8 (8 of 11)
  • mak-aut8 (9 of 11)
  • mak-aut8 (10 of 11)
  • mak-aut8 (11 of 11)
  • mak-aut9 (1 of 3)
  • mak-aut9 (2 of 3)
  • mak-aut9 (3 of 3)

Билик и Вебер со по четири гола се најефикасни во селекцијата на Австрија, додека во Македонија по трипати прецизни беа Стоилов и Георгиевски. Според официјалната статистика голманот на Австрија, Томас Ајбергер има осум интервенции, а Никола Митревски две.