Пролет запиша триумф, Струга имаше сили за едно полувреме

Ракометарите на Пролет по поразот кај Вардар, се вратија на победничките патеки во суперлигашкиот плеј-оф, откако славеа на домашен терен против тимот на Струга со 27-21.

Гостите се покажаа како „тврд орев“ и во најголем дел од првото полувреме одржуваа резултатска рамнотежа. Се играше гол за гол до 7-7, пред домашните по интервенциите на Ангелов да поведат со 9-7.

Стружани намалија на 9-8, но неколкуте грешки во финишот на полувремето скапо ги чинеа, па Пролет направи залиха од четири погодоци за 16-12, предност што подоцна ќе се покаже како клучна за исходот на мечот. На пауза беше 16-13 за домашните.

На стартот на вториот дел Пролет се одлепи на плус пет, 19-14 и веќе беше јасно дека стружани тешко ќе направат камбек во овој дуел. Шанса добија ракометарите од двете екипи со помала минутажа, а домаќините рутински ја задржаа предноста до конечните 27-21.

27 - 21
Конечен резултат

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1627Победа
СТРУГА1321Пораз

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Кристоголман00
4Михаил Аларовпивот14
7Кристијан Давитковскидесен бек13
8Дејан Пецаковскилев бек20
10Стефан Доневпивот01
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило02
15Ласко Андоновскицентрален бек00
20Виктор Дамчевскилево крило00
22Александар Василевскилев бек01
24Виктор Крстевскилево крило00
26Петар Ангеловголман00
33Јане Цветковскиголман00
55Никола Потиќдесен бек00
71Давор Палевскилево крило011
99Жарко Пејовиќцентрален бек05
 Вкупно 427

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-00
3Дејан Лазороскилево крило00
4Христијан Крстаноскилев бек10
5Бобан Савески-00
10Вук Лакичевиќдесен бек00
11Тодор Јанкулоскидесно крило14
12Мартин Јовановскиголман01
14Славиша Димитријескицентрален бек00
18Богдан Николиќцентрален бек02
23Игор Илиевскилево крило03
24Ненад Костоскилево крило02
25Вукашин Ракочијалев бек04
44Дарио Симоноскипивот01
55Филип Пајкоскипивот21
77Никола Цветаноскилев бек03
 Вкупно 421

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961990027
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980124
3ПРОЛЕТ950415
4МЕТАЛУРГ932411
5БУТЕЛ932411
6ОХРИД92349
7СТРУГА90363
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 290272