Пролет ги избегна Рајн Некар, Нексе, Бенфика…ама може да налета на Тулуз, Силкеборг, Целје…

Покрај Еурофарм Пелистер, тимот на Пролет ќе биде вториот македонски претставник во Лигата на Европа. Пролет ќе стартува од првото квалификациско коло заедно со уште 31 екипа, a 16 победници ќе обезбедат место во второто коло, последно пред групната фаза.

Македонскиот тим има висока 23 позиција на ранкингот, па доколку ЕХФ не ги подели клубовите по региони како лани, Пролет ќе биде носител пред ждрепката.

Тоа значи дека избегнува екипи од типот на Нексе Нашице, Бенфика, Рајн Некар, Кадетен, Констанца….Но може да налета на пример на францускиот Тулуз, данскиот Силкеборг, словенечкиот Целје, шпанскиот Гранољерс, шведскиот Малме…

Иако е носител, Пролет би имал шанси само против хрватскиот Сесвете и турскиот Спор Тото, евентуално португалскиот Агуас Сантас, полскиот Тарнов или израелскиот Макаби.

Првите натпревари од првото квалификациско коло се играат на 28/29 август, додека реваншите се една недела подоцна.