Прилеп врза две победи во серија, денеска лесно до три бода против Младост

Ракометарите на Прилеп после победата в петокот во Скопје против тимот на Работнички и на домашен терен успеаја да забележат триумф, овој пат против составот на Младост 1977 од Богданци со 41:32. Во натпревар во кој домашните покажаа далеку повеќе на крајот немаше никаков проблем за да се дојде до бодовите.

Гостите беа рамноправен ривал во првите неколку минути и на моменти беа во предност. Долго се играше постојано со тесен резултат и речиси да беше игра гол за гол во која ниту еден тим не направи поголема предност.

Сепак, после 10:10, домашните со три гола по ред се изборија за разликата со која и заминаа на одмор, а тогаш имаа водство од 14:11.

Во вториот дел до израз дојде поголемиот избор на ракометари, како и подготвеноста на домашните кои успеваа без проблеми лесно да го загрозуваат голот на гостите. Ракометарите на Младост не можеа да следат, па во финишот дури имаа и преголема негатива. Немаа можности да направат нешто повеќе така што рано се помирија со нов пораз.

Овој пат Младост си замина со пораз од 32:41 со што бодовите останаа во Прилеп. Воедно прилепчани полека, но сигурно најавуваат трка за висок пласман, а со играта која ја демонстрираа сигурно ќе имаат што да покажат и понатаму во шампионатот.

41 - 32
Конечен резултат

Место

Спортска Сала Сонце Прилеп

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРИЛЕП1441Победа
МЛАДОСТ 19771132Пораз

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Филип Пајкоскипивот02
7Хазеин Рустамовлево крило05
9Христијан Бикоскилево крило05
10Сашко Манческипивот12
11Владимир Трајкоскилев бек01
12Иван Ангелескиголман00
13Ивица ДукоскиСреден бек10
14Даниел Андоновскилев бек08
18Давор Шокоскилев бек07
19Антонио Бурчевскипивот10
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило04
28Алија Амзоскидесно крило04
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек03
77Зураб Цинцадзеголман00
 Вкупно 341

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Саше Михајловиќцентрален бек11
7Илија Диновлево крило03
9Стојан Наумовскилев бек00
10Ѓорѓе Банцалискицентрален бек00
11Драган Павиќдесно крило01
12Горан Паунковголман00
13Никола Роглевдесен бек02
17Иван Стојчевскидесно крило10
18Александар Лупашколев бек05
19Митко Стоиловлев бек012
20Душан Каркалашевцентрален бек00
23Мартин Фидановпивот12
27Небојша Василевскипивот00
28Горан Лисичковцентрален бек01
32Никола Димитровдесно крило05
 Вкупно 332

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ОГНЕНОВ ИГОР