Потврда од Вујо: Гурбиндо е минато за Вардар, ама ќе видиме – кој загуби, а кој доби!

Заврши кратката авантура на шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо во Вардар. Без ниту еден официјален натпревар во Лигата на шампионите, тој заминува од македонскиот првак.

Тренерот Веселин Вујовиќ потврди дека Гурбиндо не е повеќе дел од Вардар.

“Гурбиндо веќе има и романски број, па него моравте да го прашате. За нас тоа беше изненадување. Ние го прифативме одлично, но тој реши да замине. Сигурно ќе ни недостига повеќе во одбраната, отколку во нападот. Му посакуваме многу среќа, а на крајот ќе видиме, кој изгуби, а кој доби со ова. Кого го нема без него се може”, вели Вујовиќ.

На десната бековска позиција, Вардар ги има Јоел Куни Моралес и Кевин Њокас.