Денеска се игра првиот натпревар од 10. коло во групата Б, помеѓу украинскиот и португалскиот шампион. Мотор во Запорожје го пречека Порто, а двете екипи имаа одлични резултати во претходното коло.
Мотор ремизираше кај Кил во Германија, додека Порто го разнесе Монпелје среде Франциа. Сепак Португалците ќе бидат во големи проблеми во Запорожје, бидејќи во ростерот имаат само 11 играчи, од кои двајца голмани.
Тоа значи дека тешко може да се надеваат на позитивен резултат, особено што против себе ќе го имаат разиграниот Мотор и Барис Пухоски, еден од најдобрите стрелци во елитната конкуренција. Доколку Мотор слави, тоа ќе биде добра вест за Вардар, во борбата за што подобра позиција пред осминафиналето.