Поништени првенствата во Австрија – крај на сезоната за македонските интернационалци

Австриската ракометна федерација одлучи да ги поништи сите натпреварувања кои се под нивна капа. Коронавирусот ја зафати и оваа земја која веќе има над 10.000 заразени, па челните луѓе на федерацијата решија дека нема потреба да се чека.

Сезоната 2019/20 е поништена во целост и шампиони нема да бидат прогласени во ниту една конкуренција.

Во Австрија настапуваа тројца македонски интернационалци – во Линц се Горан Крстевски и Никола Костески, додека Влатко Митков е во Брегенц.

Освен првите лиги, поништени се и Купот на Австрија, регионалните и сите младински првенства.