during the handball match Austria vs Poland, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Bratislava, 14.01.2021, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Полјаците ја прочитаа Австријците, им ги запреа најдобрите и си освоија два бода

Репрезентацијата на Полска во својот прв натпревар од Европското првенство славеше против незгодната репрезентација на Австрија со 36:31.

Ракометарите на Австрија со два погодоци на Пош, имаа водство од 2:0 на стартот од натпреварот. На Полска и требаше малку време за да дојде до израмнување и во останатиот дел од натпреварот да има целосна контрола на резултатот.

Австрија заостануваше на гол до два негатива до 25. минута. Ракометарот од полскиот состав, Симон Сичко постигна гол за три разлика за неговата репрезентација, 14:11, а минута подоцна, Морито беше прецизен за највисоко водство од 15:11. Полјаците на пауза заминаа со три позитива, 17:14.

Избраниците на Патрик Ромбел во второто полувреме продолжија со добрата игра. Започнаа водството да го зголемуваат на четири до пет гола позитива. И покрај одличните интервенции на австрискиот голман, Голуб Докниќ, неговите колеги не ги искористуваа во целост грешките на противничкиот табор.

Во 47. минута црвен картон заработи ракометарот од Полска, Симон Сичко поради груб прекршок над Никола Билик. Полска последниот дел го одработи рутински и не дозволи селекцијата на Австрија да дојде до помала негатива.

Утре репрезентациите кои играат во Групата Д имаат одмор, а веќе в недела ги очекуваат нови средби на кои Полска за противник ја има селекцијата на Белорусија, додека Австрија ќе ги бара првите бодови против Германија.

31 - 36
Конечен резултат

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АВСТРИЈА1431Пораз
ПОЛСКА1736Победа

АВСТРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александер Херманлев бек03
7Јанко Божовиќдесен бек01
8Роберт Вебердесно крило04
15Фабијан Пошпивот17
20Себастијан Фримеллево крило18
24Даниел Дикерлев бек00
26Лукас Хербургерлево крило10
28Гералд Цајнерцентрален бек03
30Борис Живковиќдесен бек11
32Голуб Докниќголман00
39Ралф Патрик Хаузлеголман00
44Јулијан Ранфтлдесно крило00
45Ерик Дамбоклево крило00
53Никола Биликлев бек13
55Тобијас Вагнерпивот01
72Лукас Хутечекцентрален бек00
 Вкупно 531

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
3Михал Дашекдесно крило06
4Пјотр Једрашчукцентрален бек00
5Михал Олејничакцентрален бек12
6Кжиштоф Комаржевскидесно крило00
7Патрик Валчакпивот02
8Бартоломеј Биспивот00
9Симон Сичколев бек06
12Пјотр Пјетрашиклев бек02
18Мелвин Бекманлев бек00
20Мациј Пилитовскицентрален бек00
21Камил Шипжакпивот02
23Аркадиуш Моритодесен бек09
26Пжемислав Крајевскилево крило06
28Мациј Гебалапивот11
40Матеуш Зембжицкиголман00
 Вкупно 236

ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ГЕРМАНИЈА33006
2ПОЛСКА32014
3БЕЛОРУСИЈА31022
4АВСТРИЈА30030