Познат новиот термин за ЕХФ шампионатот во Македонија, една репрезентација се откажа!

Кадетскиот ЕХФ шампионат во машка конкуренција, кој во август требаше да се одржи во Македонија, доби нов термин.

Тој во април беше одложен и презакажан за во јануари 2021 година, а сега се познати и точнни датуми.

Седум европски селекции ќе гостуваат во Скопје од 25 до 31 jануари 2021. Иако беа најавени осум поделени во две групи по четири, сепак Естонија го откажа учеството.

Естонија беше во групата А со Македонија, Полска и Грција, па тоа значи дека нашите кадети ќе имаа само два меча во група и потоа уште два за пласман.

Доколку го освојат првото место на овој ЕХФ шампионат, нашите кадети ќе обезбедат место на Светското кадетско првенство што ќе се одржи во Грција во август 2021 година.