Машката репрезентација на Македонија вечерва ги започнува квалификациите за Европското првенство 2022 година со натпревар против Финска.
Селекторот Данило Брестовац се соочи со проблеми во составот, и не може да смета на Поповски, Велковски и Танкоски.
Тој од оние што ги имаше на располагање, одбра 16 ракометари, а овој дуел ќе го пропуштат Марко Кизиќ и Милорад Кукоски.
Кај Финците недостига средниот бек Нико Ронберг, но во ростерот е левото крило Тему Таминен.
Натпреварот меѓу Македонија и Финска се игра вечерва од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а ќе го судат Русите Ершов и Пављуков.