Победникот од дуелот меѓу Вардар и Веспрем ќе има сериозна пречка и во четврт-финалето во Лигата на шампионите бидејќи тогаш ќе мора против подобриот тим од двобојот меѓу Нант и Келце
Со многу проблеми предизвикани од пандемијата заврши групната фаза во Лигата на шампионите. После многу одложувања и неколку натпревари регистрирани со службен резултат познати се сите осминафинални двојки.
Во првата рунда во нокаут фазата нè очекува сигурно многу квалитетен ракомет, а на некои средби нијанси ќе одлучуваат кој ќе оди во следната рунда. Некои од понеизвесните дуели се очекува да бидат помеѓу Нант и Келце односно Кил и ПИК Сегед. Исто така голема борба се очекува на дуелите Мешков – Мотор и Алборг – Порто.
Вардар ќе има голем предизвик во унгарскиот шампион Веспрем, а натпреварите ќе се играат на 31. март односно на 8. април за кога се закажани реваншите после кои ќе бидат познати четврт-финалистите.
Поради пандемијата со коронавирусот сите ќе играат во осминафиналето, а како изгледаат двојките можете да погледнете во продолжение.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ
ФЛЕНСБУРГ – ЗАГРЕБ
ПСЖ – ЦЕЛЈЕ
КЕЛЦЕ – НАНТ
МЕШКОВ БРЕСТ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ
АЛБОРГ – ПОРТО
КИЛ – ПИК СЕГЕД
ВЕСПРЕМ – ВАРДАР
БАРСЕЛОНА – ЕЛВЕРУМ
Исто така познати се и распоредот на противниците кои би можеле да се сретнат во четврт-финалето. Вардар доколку успеа да го елиминира Веспрем во четврт-финалето ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Келце и Нант што значи дека патот до Келн е пеколно тежок.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Мотор/Мешков – Елверум/Барселона
Порто/Алборг – Загреб/Фленсбург
Нант/Келце – Вардар/Веспрем
ПИК Сегед/Кил – Целје/ПСЖ