Плеј-офот ќе биде интересен до крај: Две екипи бркаат титула, три се борат за две места во Лигата на Европа

На две кола до крајот од плеј-офот во Супер машката лига останаа само малку дилеми, а веќе утре во претпоследното коло уште дел од нив сигурно ќе добијат решение и ќе остане во последното коло да паднат само одлуки околу дефинитивниот пласман.

Веќе е познато кои две екипи ќе играат во СЕХА лигата. И следната сезона тоа ќе бидат тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Не е познато кој од овие тимови ќе дојде до првото место, но јасно е дека меѓу нив неизвесноста ќе трае до последното коло. Овие осум екипи и следната сезона ќе играат во Супер лигата.

Според пласманот извесно е дека еден тим ќе игра во групите од Лигата на шампионите, а другиот ќе си има загарантирано место во групите од Лигата на Европа.

Останува да се добие одговор на прашањето кои тимови ќе се најдат во квалификациите за Лигата на Европа, а таму три екипи имаат свои шанси.

ВАРДАР

33 поени – Пролет (гости), Металург (дома)

Шампионот на Македонија ќе мора до крајот да се бори за трофејот и не смее да си дозволи кикс. Игра против Пролет и Металург и е фаворит на тие средби, но ќе мора да ги добие за да дојде до трофејот и во првенството. Има предност во меѓусебните дуели со Еурофарм Пелистер така што е јасно дека ќе мора да се одигра на ниво. А двата скопски клубови секогаш биле незгодни ривали за вардарци.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

33 поени – Еурофарм Пелистер 2 (гости), Охрид (дома)

И на двете средби се очекуваат по три бода, но не зависи сè само од сопствените резултати. Ќе мора да се чекаат резултатите и на Вардар. Сепак, тешко е да се верува дека вардарци ќе кикснат така што поголема е веројатноста да се освои 2. место и во новата сезона повторно да се игра во групната фаза од Лигата на Европа и во СЕХА лигата.

ПРОЛЕТ

19 поени – Вардар (дома), Струга (гости)

Со оглед на тоа што следен ривал е Вардар, а на Пролет реално според распоредот ќе му бидат три бода за пласман на 3. место со што би се обезбедил и пласман во квалификациите од Лигата на Европа сосема извесно е дека во последното коло во Струга ќе биде заверен пласманот. Сепак, останува една дилема уште отсега. Дали Пролет ќе ја смени практиката наесен. Дали конечно ќе биде одиграна една средба во европските купови на домашен терен или и понатаму ќе се бара место во Европа за „прошетка“ и два натпревари на терен на противникот.

МЕТАЛУРГ

17 поени – Бутел Скопје (дома), Вардар (гости)

За ракометарите на Металург утрешната средба против Бутел е финале пред финалето на сезоната бидејќи со победа се решава прашањето за место во Лигата на Европа. Со победа практично се добива европската виза, а се решава местото и на тимот на Пролет и теоретски и практично. За очекување е да биде обезбеден триумф, но исто така за очекување е и да има големо надигрување.

БУТЕЛ СКОПЈЕ

15 поени – Металург (гости), Еурофарм Пелистер 2 (дома)

Она што важи за Металург важи и за тимот на Бутел Скопје. И за овој тим утрешната средба решава многу. Бутел Скопје не смее да си дозволи пораз и мора да одигра на едно повисоко ниво од досега. Ќе мора да се стисне со сите сили за да се освојат бодови. Оттаму и денеска нема да има можност за опуштање туку мора да се одигра максимално ангажирано. Доколку Бутел загуби денеска дуелот во последното коло ќе биде формалност.

ОХРИД

12 поени – Струга (дома), Еурофарм Пелистер (гости)

За охриѓани постојат само теоретски шанси и тоа за 5. позиција која би можела да биде шанса за вајлд-карта во Лигата на Европа. Тоа значи дека ќе мора да се одработи добро во последните две кола. Сепак, дуелот во последното коло е многу потежок и затоа е тешко да се смета на шест поени во последните две кола. Охрид е пред навистина (не)возможна мисија.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2, СТРУГА

Екипите на Еурофарм Пелисте 2 и Струга своето го завршија во есенскиот дел од сезоната, па во пролетниот дел им остана само да се обидат да освојат што е можно повеќе бодови.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО

САБОТА, 29 МАЈ – 19 ЧАСОТ

ОХРИД – СТРУГА

Сала: Тодор Александров во с. Велгошти. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ПРОЛЕТ – ВАРДАР

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196116141143
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16141143
3БУТЕЛ16110533
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 216102432
5ОХРИД1681725
6ТИКВЕШ 20141681725
7ПРОЛЕТ1681725
8МЕТАЛУРГ1670921