Петрушева собра 16 одбрани, Анчева даде 14 гола – Астибо го сруши лидерот Овче Поле СУ

Тимот на Астибо од Штип славеше во регионалниот двобој против Овче Поле СУ од Свети Николе со 30-26.

Во тимот на Дејан Величков, клучни фигури беа голманката Ангела Петрушева со 16 одбрани и капитенот Марија Анчева со 14 погодоци.

Домашниот тим го диктираше резултатот во првото полувреме, имаше предност и од четири гола, но по водството од 13-10 во 23 минута, цели седум минути Астибо не постигна погодок.

Тоа го казни гостинската екипа од Свети Николе и со серија од пет погодоци направи комплетен пресврт, 13-15, водеа избраничките на Илија Бетувски на паузата.

Клучниот период се случи при водство на Астибо од 21-20, домашните постигнаа уште три гола во серија за 24-20 и до крајот само рутински ја одржаа предноста.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Анчева со 14 гола, а Викторија Ананиева даде седум погодоци, додека кај Овче Поле СУ се истакнаа Диана Димова со шест, односно Наталија Манева и Јована Конева со по пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН650115
2Скопје631210
3АСТИБО43019
4ДЕСПИНА43019
5ГЕВГЕЛИЈА63039
6СПАРТАК60151
7КУЗМАН40040