Пелистер и Деспина ја спуштија завесата на есенскиот дел, битолчанки се радуваа на бодови

Ракометарките на Пелистер одработија одлична средба во последниот натпревар од 2021 година и ја совладаа Деспина со 31:22 на дуелот од Групата А.

Пелистер имаше повеќе од играта уште од старт, а со оглед на тоа што ништо не решаваше во однос на пласманот во Супер лигата беше јасно дека ова ќе биде само средба за меѓусебно надигрувње.

Откако на крајот од првиот дел обезбедеија предност од 16:8 немаа проблеми за да стигнат до победа. Предноста од осум гола беше и повеќе од доволна во вториот дел да се одигра помирно и да се има целосна контрола до крајот.

Девојките од Прилеп не форсираа, па се задржаа на негативата од првиот дел, која беше зголемена за еден погодок за конечни 31:22 во корист на Пелистер. Инаку и двете екипи си обебедија место во плеј-офот напролет.

ПЕЛИСТЕР – ДЕСПИНА 31:22 (16:8)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Тодоровска, Богоевска, Шишковска, Дамјановска 2, Наумовска8, Јанкуловска 7, Босиловска, Милосављевиќ 6, Грозановска, Кајческа, Етемовска 6, Дишковска 2

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ДЕСПИНА: Риствска, Гулеска, Рипилоска 1, Николовска, Цветкоска 4, Спиркоска 8, Димитрова 1, Петреска, Чурлиноска, Цаневска 5, Димоска 1, Миноска 2, Котевска

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1КУМАНОВО14140042
2ЧАИР14111234
3ДЕСПИНА1481525
4ПЕЛИСТЕР 20121472523
5ШАМПИОН1461719
6ГЕВГЕЛИЈА14401012
7ФЕНИКС АМС1430119
8КУЗМАН1401131