Ракометарот кој остави длабока трага со настапите во „црвено-црниот“ дрес на позицијата лево крило, Стевче Алушовски после неколку години се врати во Вардар, но сега во поинаква улога. Од денеска и официјално тој е новиот тренер на актуелниот првак на Европа со што Вардар и има нов стратег за продолжение од сезоната.
Алушовски доаѓа на местото на Кокшаров кој ја водеше екипата откако Писонеро беше заменет. Сезонава, Алушовски ја почна во Еурофарм Работник откаде што замина пред завршувањето на есенскиот дел од сезоната. Имаше добри средби, но имаше и неколку тесни порази во Лигата на шампионите.
Во Вардар ќе добие можност за ново докажување и потврдување на тренерските квалитети и ќе има можност да се обиде да дојде до што е можно подобар пласман во Лигата на шампионите. Тимот е на пат да обезбеди осминафинале, но ќе мора да се одигра далеку подобро во пролетниот дел од сезоната.
Нов член во семејството на Вардар
После 10 години повторно во Вардар. Со 11 трофеи зад себе како дел од „црвено-црните“ повторно во вардаровото семејство
Публикувахте от RK Vardar в Вторник, 31 декември 2019 г.
Инаку, Алушовски е еден од тренерите кои меѓу првите дојдоа до Мастер лиценца така што без проблеми ќе може да го води и Вардар во Лигата на шампионите.