Ончев одигра за „десетка“, Работнички славеше над Прилеп

Ракометарите на Работнички ја забележаа втората победа во рамките на плеј-аут лига. По триумфот на Радовиш, избраниците на Стојан Петрушевски славеа над Прилеп со 29-26.

Прилепчани отворија со водство од 2-4, пред домашниот тим да се врати на реми, 4-4. Потоа имаше дури 12 израмнувања на резултатот. На пауза Работнички замина со минимална предност, 15-14.

Во вториот дел Стефан Крстевски погоди на два пати за 17-14 и оттогаш домашниот тим не ја испушти предноста. Искусниот Чантурија донесе минус еден за гостите, 22-21, но се чини дека во следниот период домашните ја направија клучната разлика, иако останаа без Гашовски кој доби црвен картон.

Работнички отиде на 25-21, а Горан Кузманоски залудно викна тајм-аут, бидејќи неговите избраниците погрешија. Гогов одбрани два пати во серија, домашните поведоа со 27-21 и веќе немаше дилеми кој тим ќе ги освои бодовите.

Во следното коло Работнички ќе му гостува на Јуниор Кисела Вода, додека Прилеп на домашен терен ќе се соочи со Радовиш.

29 - 26
Конечен резултат

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАБОТНИЧКИ1529Победа
ПРИЛЕП1426Пораз

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Ален Ќосевскидесно крило13
8Давид Гашовскипивот31
9Дамјан Јакимовскидесно крило00
10Давид Димескилев бек00
12Јоаким Ангеловскиголман00
21Давид Савревскидесно крило12
22Лука Вујовиќпивот03
23Тoше Ончевцентрален бек010
25Стефан Добревскилево крило00
28Петар Виларовголман00
31Виктор Крстевскилево крило01
33Стефан Крстевскицентрален бек07
66Вадим Виричлев бек11
69Антонио Николовскилев бек01
77Ѓорѓи Дукадесен бек10
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 729

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот04
7Хазеин Рустамовлево крило02
9Христијан Бикоскилево крило04
10Сашко Манческипивот00
11Владимир Трајкоскилев бек04
12Иван Ангелескиголман00
13Ивица Дукоскицентрален бек00
14Даниел Андоновскилев бек11
17Хари Павловдесен бек21
18Давор Шокоскилев бек03
19Антонио Бурчевскипивот00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило05
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек01
77Зураб Цинцадзеголман01
 Вкупно 326

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
ОГЊАНОВСКИ МАРЈАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14100430
2ТИКВЕШ 20141491428
3РАДОВИШ1491428
4Г.А.-КЛ71490527
5РАБОТНИЧКИ1470721
6ЈУНИОР К.В.1461719
7МЛАДОСТ 19771441913
8АСТРАИОН1400140