Нов висок пораз на Металург, се враќа со минус 15 од Австрија

Ракометарите на Металург забележаа уште еден пораз во Лигата на Европа откако денеска загубија на гостувањето во Австрија со 30:45

Кој ќе победи на овој натпревар се виде после десетина минути игра. Откако Фиверс поведе со 2:0 следуваше гол за Металург кој беше дело на младиот Петковски следуваше период во кој домашните доминираа.

На 4:1 Митиќ погоди за намалување, а потоа со 5:0 после десет минути игра домаќинот веќе имаше 9:2 и практично дојде до предност која овозможи да се игра мирно и да се направи сè до крајот на средбата да се добие овој дуел.

Откако се обезбедија плус седум можеше да се одигра мирно и да се одработи задачата според предвиденото. Металург успеа да се стабилизира и да биде на негатива од 8 до 10 разлика така што беше тешко да се направи нешто повеќе.

На одмор се замина со девет негатива, 13:22, па овие девет гола разлика до крајот на средбата само беа зголемени. Немаше многу моменти кои заслужуваа да бидат одбележани бидејќи домаќините играа борбено и многу лесно доаѓаа до шанса за шут и за гол.

Многу тешко можеше да се парира, а после средината на второто полувреме разликата одново стана двоцифрена и се зголемуваше, па на крајот Аон Фиверс обезбеди победа со 15 гола разлика (45:30) и освои два бода. Металург со овој пораз остана последен во групата со само еден бод освоен против истиот ривал на домашен терен.

45 - 30
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
Фиверс2245Победа
МЕТАЛУРГ1330Пораз

Фиверс

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Тобијас Вагнерпивот03
15Ерик Дамбоклево крило06
25Никола Стевановиќдесен бек03
45Лукас Хутечекцентрален бек06
50Винсент Швајгерпивот03
51Волфганг Филцвизерголман00
52Борис Таниќголман00
53Кристијан Шариќлев бек00
54Фабијан Глатцллев бек00
55Марин Мартиновиќлев бек06
57Херберт Јонасдесно крило02
58Ленадер Бренајспивот01
59Маркус Колардесен бек31
75Максимилијан Ридедесно крило03
85Давид Брандфелнерлево крило07
95Томас Зајдллев бек14
 Вкупно 445

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек01
6Милан Поповиќлево крило011
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило05
12Давид Брестовацголман00
15Василије Калуѓеровиќлев бек02
17Мартин Серафимовдесен бек04
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек01
28Андреј Митиќпивот02
42Момир Рниќлев бек01
44Стефан Додиќцентрален бек03
 Вкупно 030

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка
ПозЕкипаНПРЛБ.
1Висла Плоцк1080216
2Чековски медведи1070314
3Адемар Леон1054114
4Фиверс102266
5Феникс Тулуз102266
6МЕТАЛУРГ101274