Ненад Костески во Еурофарм Пелистер до 2025 година!

Македонскиот репрезентативец Ненад Костески ќе остане во Битола и во наредните три сезони.

Десното крило, кое пристигна од Загреб пред три сезони и Еурофарм Пелистер ја продолжија соработката до 2025 година.

„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола. Наскоро ќе ја дознаеме групата во Европската лига, сите ја очекуваме. Ќе биде тешко, но ние имаме тим и капацитет, па се надевам дека ќе ја минеме групната фаза и ќе продолжиме понатаму“, вели Костески.

Тој потекнува од составот на Струга, беше дел од Металург 2, а една сезона мина и во хрватскиот првак Загреб.