Поранешната прва ѕвезда на репрезентацијата на Франција, Џексон Ричардсон се приклучи на стручниот штаб на оваа селекција, но во составите во ракомет на песок.
Најдобриот играч во светот во 1995 година со ова добива улога во ракометот и во националниот тим. Сепак, засега е советник во репрезентацијата на 17 години, а се очекува во скоро време да биде назначен и за сениорскиот состав.
Овае можност Ричардсон да се покаже и како стратег во нешто поинаков ракомет.
Инаку, во моментов има 52 години, а во својата кариера одигра вкупно 417 натпревари во дресот на Франција.