Најавуваше атак на Лигата на шампионите, а после 25 меча го напушти тимот

Една од најпознатите дами меѓу тренерите во моментов, Данката Хеле Томсен после 25 натпревари на клупата на тимот на Кастамону од Турција ги напушта редовите.

Информациите за заминувањето на Томсен не се преголеми и прешироки бидејќи од клубот информаат само накусо дека таа си заминува после недела година во клубот со кој имаше големи планови.

Во екипата дојде минатата година и се подготвуваше проект кој требаше да одговори позитивно во остварувањето на големите амбиции во Лигата на шампионите. Екипата почна да се засилува и беа ангажирани Норвежанката Аманда Куртовиќ како и Русинките Aлена Ихнева, Екатерина Љубнаја, Екатерина Веткова и Јулија Кавронина. Тука е и Швеѓанката Јулија Ериксон.

Засега нема информации околу следниот клуб на Хеле Томсен односно дали нејзиното заминување од Кастамону е поврзано со ангажман во некој клуб од Данска ќе се знае за брзо време. Во моментов она што е јасно е дека таа ја напушта екипата на Кастамону и Турција, но се очекува следната дестинација во кариерата.