Екипите на Мотор Запорожје и Порто го отворија 10. коло од Лигата на шампионите во кое составот од Украина стигна до првата победа во сезоната. Мотор Запорожје славеше со 33:29.
Против десеткуваниот состав на Порто ракометарите на украинскиот претставник имаа сигурно издание. Домаќините имаа предност во поголемиот дел од дуелот, а разликата варираше од еден до пет гола. Првиот дел беше многу ефикасен како резултат на слабата игра во одбрана на двете страни и по 30 минути Мотор имаше предност 19:16.
Продолжението донесе серија на Порто до 3:0 со што стигна до израмнување, но Мотор возврати со иста мера и повторно ја врати позитивата од првиот дел. Следуваше игра гол за гол, а во финишот со рутинирана игра домашниот состав ја задржа позитивата и стигна до првата победа.
Сорока за тимот на Мотор стрелаше осум пати од кои седум од пенал, а по шест гола постигнаа Пухоски, Маласинскас и Бабичев. Во тимот на Порто најефикасни беа Бранкинњо и Гомес со по шест погодоци, веднаш зад нив беше Мартинс со пет реализации.
Со овој пораз Порто останува на десет бода еден пред Вардар и доколку црвено-црните слават против Веспрем во недела ќе се пробијат погоре на табалета. Мотор и покрај победата е последен на табелата со четири бода исто колку и Мешков Брест.