Монпелје продолжи со победите, стои цврсто на врвот во групата А

Ракометарите на Монпелје ја продолжуваат победничката серија во Лигата на шампионите, а во 8. коло на домашен терен ја остварија шесттта победа откако без многу проблеми ја совладаа екипата на Елверум со 39:32.

Почетните петнаесетина минути донесоа израмнета игра, а Валиниус и Москариело се погрижија Монпелје да има три гола предност, 10:7 (16. минута). Продолжи ефикасната игра во првиот дел, а домаќините имаа и пет гола водство, но на полувреме беше 19:16.

Сепак, во продолжението тимот од Франција немаше проблеми да стигне до победата. Многу брзо Елверум повторно имаше пет гола заостанување што не беше достижно до крај на дуелот. Монпелје со рутинска игра освои нови бодови и се зацврсти на врвот на табелата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Уго Деска со 11 голови, а по шест постигнаа Москариело и Валиниус. Во составот на Елверум прв стрелец беше Грондал со седум погодоци. Монпелје ќе има можност во следното коло на домашен терен да ја продолжи победничката серија кога го пречекува ППД Загреб.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МОНПЕЛЈЕ971115
2КИЛ961213
3АЛБОРГ960312
4ПИК СЕГЕД952212
5ЕЛВЕРУМ93248
6ВАРДАР 196192165
7ППД ЗАГРЕБ91264
8МЕШКОВ91173