Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија ново делегирање од страна на ЕХФ за Лигата на шампиони.
Откако добија позитивни критики за арбитражата на мечот меѓу Висла Плоцк и Кристијанштад, македонските судии ќе делат правда на втор меч од елитната конкуренција.
Тие ќе бидат судии на натпреварот меѓу швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и данскиот ГОГ што ќе се одигра в четврток.