Тимот на Вецлар, каде што настапува поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, славеше над составот на Минден во Бундес лигата.
По четири порази и едно реми, Вецлар се врати на победничките патеки и на домашен терен беше подобар од Минден со 26-23.
Најзаслужен за победата беше токму Миркуловски, кој постигна шест погодоци и подели многу асистенции до соиграчите.
Вецлар сега е на 10. позиија, а следниот натпревар го игра на гостински терен кај Гепинген.