Шампионот на Белорусија, Мешков Брест веќе го има составот со кој ќе му се спротистави на Вардар во 6. коло од Лигата на шампионите. На пат кон Скопје во тимот на Мешков Брест се најдоа само 16 ракометари, па тие и ќе бидат на дуелот кој ќе се одигра в недела од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Тренерот на тимот, Раул Алонсо одлучи на пат за Скопје да ги поведе: Иван Пешиќ, Иван Мацкиевич (голмани), Андреј Јуринок, Симон Разгор (леви крила), Александар Шкурински, Немања Обрадовиќ, Вилијам Акамбре (леви бекови), Артем Кулак, Јака Малус (средни бекови), Марко Паниќ (десен бек), Максим Баранов, Дарко Ѓукиќ, Никота Вајлупов (десни крила), Бранко Канкараш, Даниел Андреев, Арцем Селвесјук (пивоти).
Ракометарите на Мешков за Скопје патуваат утре наутро, а прво ќе летаат од Минск до Виена откаде ќе се упатат кон Скопје.