Мечкароски е МВП на Ф4, Ѓошевски најдобар голман, Лазов најдобар стрелец!

Ракометарите на Бисинов од Велес се нови шампиони во пионерската машката лига за оваа сезона откако во финалето од Ф4 турнирот кој се одржуваше во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес го совладаа актуелниот бранител на титулата, Струга, со резултат 21:18.

За МВП на овогодинешниот Ф4 турнир е прогласен ракометарот од редовите на Струга, Филип Мечкароски, кој беше важна алка во екипата на Жарко Ферукоски. Наградата на Мечкароски му ја додели еден од легендите на македонскиот ракомет, Пепи Манасков.

Јован Ѓошевски од шампионската екипа беше прогласен за најдобар голман на Ф4 турнирот. Наградата на Ѓошевски беше доделена од рацете на неговиот сограѓанин, десното крило, Мартин Димов, кој, моментално настапува за Пролет.

Милан Лазов од екипата на Тиквеш, која заврши на 4 место, беше прогласен за најдобар стрелец на пионерскиот Ф4. Наградата на Лазов му ја додели искусниот ракометар, Ивица Илиев.

Бисинов е пионерски шампион на Македонија