Металург излага од карантин, следниот вторник повторно игра во „Борис Трајковски“

Ракометарите на Металург од шест кола во Лигата на Европа имаат само две одиграни средби, а играчите уште се во карантин од кој треба да излезат и в среда да се вратат на натпреварите и тоа прво во Супер лигата.

До крајот на оваа календарска година ракометарите на Металург ќе одиграат еден натпревар и тоа против Фиверс на домашен терен следниот вторник од 18:45 часот.

За овој натпревар екипата на Металург ја пријави салата „Борис Трајковски“ иако пред почетокот на сезоната најавите беа дека домашните средби ќе се играат во салата во СЦ „Јане Сандански“. Сепак, со оглед на тоа што сите дуели беа одложени немаше ниту еден дуел на домашен терен во групната фаза. Металург играше еден дуел од квалификациите, а во нив се соочи со Криен и тој дуел го играше во „Јане Сандански“.

Металург двапати гостуваше и играше против Адемар и Тулуз, но на домашен терен не успеа да одигра ниту една средба. Оттаму Металург се враќа во СЦ „Борис Трајковски“ и таму ќе го има првиот натпревар сезонава на домашен терен во Групата А од Лигата на Европа.

Средбата е закажана за 22 декември во 18:45 часот. Делегирани се и официјалните лица. Судии се Миљан Весовиќ и Новица Митровиќ од Црна Гора, додека делегат е Марјан Начевски.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1Висла Плоцк169801
2Адемар Леон139531
3Чековски медведи129603
4Фиверс69225
5Феникс Тулуз49126
6МЕТАЛУРГ39117